Речиси една година откако британскиот Парламент изгласа легализација на абортусот во Северна Ирска, жените се уште се соочуваат со локални политички бариери.
Конзервативниот министер за здравство Робин Свон одби да нареди пружање на здравствена услуга абортус, а исто така и одби да воведе итни телемедицински мерки што се нудат во останатиот дел од Велика Британија за време на пандемијата на коронавирусот.
Од 1 април до 22 мај во Северна Ирска извршени се 129 абортуси, а во изминатите две години беа дозволени само осум прекини на бременоста, во случаи кога беше загрозен животот на жената.
Активистите велат дека постои цел спектар на услуги дозволени со законот, кои и натаму се недостапни во Северна Ирска, поради што жените се принудени да патуваат во Англија или Ирска.