Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Од:

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека ќе гласа против заштитата на правата за абортус во неговата родна држава Флорида.

Тој го изјави ова откако се соочи со реакција од неговите конзервативни поддржувачи по неговата изјава дека го поддржува правото да се прекине бременоста.

Најавата на Трамп дојде еден ден откако во четвртокот во интервју за NBC News рече дека ги поддржува правата за абортус, по што беше отворено критикуван од активистите против абортусот, пренесува Би-Би-Си.

Трамп во петокот изјави за Фокс њуз дека сè уште мисли дека забраната на Флорида за абортус по шест недели е премногу строга.

Сепак, тој изјави дека сепак ќе гласа против мерката со која ќе се смени законот во Флорида за заштита на правото на абортус, иако смета дека треба да се зголеми должината на бременоста по која абортусот е забранет.

Конзервативниот активист кој се противи на правото на абортус Ерик Ериксон напиша на Платформа Х дека Трамп ќе ги загуби изборите во Флорида ако гласа за заштита на правото на абортус.

Законите за абортус се разликуваат многу во државите низ САД, но прекините по 21 недела се ретки и често се поврзани со фетални аномалии или закани по животот на мајката.

Во 2022 година, Врховниот суд на САД ги укина правата за абортус на национално ниво, оставајќи ја одлуката на државите.

Како резултат на тоа, Флорида го забрани абортусот по шест недели од бременоста.

Според сегашниот закон, Флорида има речиси целосна забрана за абортус, бидејќи многу жени не знаат дека се бремени шест недели.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека повеќето Американци поддржуваат пристап до абортус, наведува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ