Професионалци на чело на АВМУ и НРТВ, најави Заев како одговор на едно од прашањата на ССНМ, ЗНМ и СЕЕМ

Од:

Професионални раководства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и националниот радиодифузен сервис најави лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот налог на Твитер.

Тој со ова даде одговор на едно од прашањата кои ги поставија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори.

-АВМУ и НРТВ ќе добијат раководства од професионалци, избрани пред цела јавност, за конечно ослободување од режимот. @MickoskiHM и @ilijadimovski веќе нема да го кочат овој процес бидејќи #СДСМ ќе освои големо мнозинство пратеници, со што слободата ќе издоминира врз принудата, напиша Заев.

Заев најави дека во накус можен рок ќе даде одговори и на другите прашања.

Прашања кои ги упатуваат до политичарите е да кажат што за нив претставува новинарството, како планираат да го поддржат професионалното новинарство на долг рок, што ќе направат за подобрување на независноста на финансирањето на МРТВ, за подобрување на безбедноста на новинарите, за поттикнување на колективното преговарање во медиумите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција