Французите масовно ја деинсталираат апликацијата за следење на ширењето на Ковид-19

Од:

Речиси половина милион Французи кои првично ја инсталираа мобилната апликација за следење на ширењето на Ковид-19, ја избришаа апликацијата на своите мобилни телефони во изминатите неколку дена.

Министерот за дигитални работи на Франција, Седрик О’Нил истакна дека е бришењето на апликацијата е резултат на фактот дека ширењето на вирусот, а со тоа и стравот од инфекција, се намалува.

Кон крајот на мај, Франција им обезбеди на граѓаните да го следат ширењето на вирусот преку апликација на мобилните телфони, а повеќе од два милиони луѓе ја инсталираа апликацијата.

Апликацијата овозможи 68 лица да откријат дека се позитивни на новиот коронавирус, а 14 лица добија известување дека биле во контакт со заразени лица.

Во многу земји во Европска Унија е воведена апликација за следење на вирусот, но апликациите на различни земји на ЕУ не се поврзани. На пример, ако некој е на одмор во друга земја, не може со домашната апликација да следи дали е во контакт со заразено лице, надвор од својата земја.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата