Здружение на ИКТ: Владата времено го одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали

Од:

Со Уредбата што ја донесе Владата на вчерашната седница само времено се одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали, смета Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија.

Според Здружението, со Уредбата која укажува на потребата од системско решение, се пролонгира рокот до ноември 2020 година, но останува обврската за исполнување на наметнатите неуставни обврски.

– Рокот е пролонгиран од август за ноември. Потребно е системско решение пред истекот на овој рок, во интерес на корисниците. Со донесувањето на Уредбата пред истекот на вонредната состојба, не се дојде до трајно решение за ситуацијата и повторно останаа во сила неуставните измени на Законот, што како краен исход повторно ќе доведе до создавање криза кон крајот на годината. Се надеваме дека со овој мал чекор Владата ќе најде сила за конечно системско решавање на ситуацијата со реемитување на телевизиските канали, пред ноември, во интерес на сите граѓани. Уште еднаш укажуваме дека операторите работат согласно позитивните правни норми во оваа земја и се надеваме дека никогаш повторно нема да бидеме приморани да ги браниме нашите права, преку протест, што е наше уставно загарантирано право, наведува Здружението.

Здружението информира дека во меѓу време ќе работи заедно со сите надлежни институции и национални телевизии за да се постигне, како што посочува, конечно и законски утврдено решение со кое ќе се овозможи рамноправен третман и заштита на легитимните интереси на сите чинители на пазарот за производство и реемитување на телевизиска содржина.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on