Во едно мало гратче на југот на Италија, чиишто жители велат дека се работи за „село без корона“, куќите чинат по само едно евро.
Чинквефронди, место во областа Калабрија, нуди куќа за едно евро, со цел луѓето да се вратат во селото и да му ја вратат старата слава. Градоначалникот Микеле Конија отпочна и проект под наслов „Операција: Убавина“, чија цел е, меѓу другото, да се запре иселувањето на младите луѓе во потрага по работа.
– Пронаоѓањето нови сопственици за многуте напуштени куќи е клучен дел од „Операција: Убавина“, рече Конија.
Тој всушност пораснал во Германија, но се вратил во Италија за да стори нешто за земјата на своите предци.
Конија се надева дека убавото опкружување ќе ги привече вљубениците во природата. Местото е опкружено со ридови, влив на реката во близина, плажи и две топли мориња.
И, додека многу градови во Италија, коишто исто така продаваат куќи за едно евро, бараат депозит до 5.000 евра, што купувачот го губи доколку не успее да ја реновира куќата во рок од три години, Чинквефронди бара само годишна такса за осигурување од 250 евра до завршување на реновирањето на куќата.