Маркит: Падот на економијата во еврозоната во јуни е значително поблаг

Од:

Економијата на еврозоната повторно падна во јуни, иако значително поблаго од претходниот месец, благодарение на индикациите за закрепнување на побарувачката паралелно со ублажувањето на мерките за борба против пандемијата на коронавирусот, покажува извештајот на компанијата „Маркит“.

Индексот на менаџери за набавки (ПМИ) во приватниот сектор во еврозоната во јуни се зголеми за 15,6 поени во однос на минатиот месец на 47,5 поени, што е највисоко ниво за четири месеци, пресмета компанијата за собирање и обработка на економски податоци со седиште во Лондон.

Јунскиот скок е најголем откако Маркит почнал да објавува извештаи.

– Првата проценка на ПМИ покажа дека падот на активноста значително забави и во јуни. Производството и побарувачката сè уште паѓаат, но падот не е повеќе стрмен, изјави главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон.

Активностите сè уште се попречени со падот на новите нарачки, иако е многу поблаг отколку во претходните месеци, соопшти лондонската компанија.

Побарувачката полека закрепнува благодарение на олеснување на мерките за борба против пандемијата, а потрошувачите и компаниите се уште се внимателни. Најтешки последици чувствува секторот за туризам и угостителство и други компании кои не произведуваат основни производи и не даваат основни услуги.

Меѓу земјите опфатени со истражувањето, Франција во јуни има мало зголемување на активноста, за првпат од февруари, благодарение на скокот на индустриското производство.

Во Германија и остатокот од еврозоната падот е многу поблаг отколку во мај.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски