Комплетно реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната на Клиниката за детски болести

Од:

Во Универзитетската клиника за детски болести изминатиот период комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната за пациентите, со цел унапредување на условите за третман на пациентите, како и условите за работа на персоналот на оваа клиника, соопшти Министерството за здравство.

Амбуланскиот дел е целосно обновен со нова опрема, извршени се бројни градежни зафати, поставени нови прозорци, нова електрика, а во дел од просториите е променет таванот и подот. Комплетно се обновени тоалетите за пациентите и персоналот, и набавен е нов мебел, наменет за овие оддели. Со цел непречено функционирање на клиниката во услови на пандемија од коронавирусот, се применуваат посебни мерки за заштита и во таа насока поставени се нови шалтери за прием на пациенти, како и нови столчиња во чекалната на пациентите.

Исто така, комплетно се реновирани и опремени клиничката аптека, помошните простории и пералната, посочуваат од Министерството.

Во однос на актуелната состојба со коронавирусот, од Клиниката апелираат до родителите кои имаат потреба да ги донесат своите деца на преглед, да ги почитуваат мерките за заштита препорачани од Министерството за здравство: носење задолжителна заштита на лицето на родителот и детето, одржување најмалку два метра физичка дистанца и честа хигиена на раце. Од Клиниката велат дека децата заслужуваат секогаш повеќе и подобро и најавуваат дека многу скоро продолжува обновата и на другите нивни одделенија.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство