Демолиран е автомобилот на Ацо Стефковски, братот на рибарот Борче Стефковски кој беше убиен кај Смилковското езеро на 12-ти април минатата година.
Според пријавата во МВР, искршени биле стаклата и автомобилот бил испрскан со спреј. Случајот бил пријавен во полиција околу 9 часот.
Стефковски го потврди инцидентот за 24 Вести, но не сакаше да зборува повеќе за настанот.
Автомобилот „Мерцедес“ бил паркиран пред куќата каде што живее Ацо во скопската населба Радишани. Полицијата трага по сторителите.
Ацо Стефковски е братот на еден од убиените во велигденскиот масакар што се случи во 2012 година кај Смилковското езеро, кога покрај рибарот Борче, беа убиени уште четири момчиња.
Судењето за случајот „Монструм“ е во тек, а за убиството се обвинети шест лица, меѓу кои двајца се наоѓаат во притвор во Косово и сé уште се чека нивна екстрадиција. Во обвинителниот акт стои дека убијците имале цел да предизвикаат создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните на Македонија.