МВР за собирот пред Медицинското училиште: Поради ограничениот простор, не можеше да се одржува растојание

Од:

Во врска со собирот пред медицинското училиште „Панче Караѓозов“ од МВР не одговорија на прашањето на А1он, дали има казнети лица заради неносење заштитна опрема, како и за одржување на физичка дистанца меѓу насобраните граѓани. Велат полицијата постапила согласно своите надлежности за одржување на редот и мирот, и објаснуваат дека поради ограничениот простор, не можело да се држи растојание од 2 метри.

„Во полициската станица Центар имаше пријава дека во средното медицинско училиште Д-р Панче Караѓозов, имало собирање на поголема група на граѓани кои биле дојдени за упис во средното училиште и кои изразувајќи го своето незадоволство од воспоставените процедури за прием на ученици предизвикувале врева. На местото на настанот имало полициски службеници кои по пристигнувањето констатирале дека нема нарушување на јавниот ред и мир и присутните се придржувале до мерките за носење на маски, но поради ограничениот простор и големиот број на лица, ограничено било постапувањето по препораката за одржување на растојание. Од овие причини полициските службеници пристапиле кон воспоставување на ред и следење на состојбите со цел спречување на нарушување на јавен ред и мир, по што и граѓаните се разотишле“, информираат од МВР, за „А1он“.

Како што инфорираше А1он, пред медицинското училиште револтираните родители и ученици, се туркаа пред влезот без никакво меѓусебно растојание. Дел од нив носеа маски, но на добар дел не им беа ставени на лицето , туку ги носеа под брада. За време на протестот имаше полициска екипа која беше во близина на школото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски