Словенците ги испразниле банкоматите за време на пандемијата

Од:

Централната банка на Словенија објави дека за време на епидемијата на коронавирусот значително се зголемиле повлекувањата на готовина од банкоматите ширум земјата.

Според податоците на регулаторот, зголeмување има во сумата подигнати пари, но намалување се бележи во бројот на трансакциите. Тоа значи дека Словенците поретко оделе до банкоматите, но кога го правеле тоа, подигнувале поголема сума готовина.

Така, на почетокот на епидемијата, односно во периодот од февруари до 13 март, во просек дневно се правеле по 650.000 трансакции во вредност од околу 20 милиони евра. До крајот на епидемијата просекот на подигнување готовина од банкоматите паднал на 474.000 дневни трансакции во вредност од 17 милиони евра, покажува анализата на Банката на Словенија.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија