МВР ќе поднесе кривична пријава против пет лица за орото во Чаир

Од:

Од МВР информираат дека Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, ќе поднесе кривична пријава против пет лица, на возраст од 28 до 57 години, сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 24-ти минатиот месец предизвикале опасност од пренесување на вирусот “КОВИД 19“ со што го сториле кривичното дело – “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

„Имено, пријавените на 24.05.2020 година во периодот помеѓу 09.00 и 10.30 часот, на ул. “Архиепископ Доситеј”, поточно пред зграда бр.6 поради празнично расположение од верскиот празник, се собрале во поголема група од дозволеното играјќи оро, со што ја прекршиле забраната на собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, како и Уредбата за задолжително носење на заштитна маска и држење на социјална дистанца, а со наведените дејствија предизвикале опасност од пренесување на вирусот КОВИД 19. За кривично правниот настан, за кој МВР дозна од видео поставено на социјалните мрежи од страна на пријавените, известен е Јавен обвинител од кого се добиени насоки за постапување согласно член 206 од КЗ.

По преземените мерки за идентификување на лицата од видео записот, утврдени се сите петмина пријавени и истите се повикани во Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар за да дадат појаснување за стореното кривично дело кое им се става на товар при што само Б.Д. го негирал извршувањето на кривичното дело“, пишува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски