Ливерпул го казни Суарез со 300 илјади фунти

Од:

Премиерлигашот Ливерпул со рекордни 300 илјади фунти го казни својот играч Луис Суарез за инцидентот на неделното дерби против Челзи, кога го гризна противничкиот играч Бранислав Ивановиќ.

Оваа сума е највисока изречена казна од клубот до свој фудбалер. Уругваецот во Ливерпул неделно заработува по 120 илјади фунти, па изречената казна иако изгледа превисока, за него ќе претставува нешто повеќе од половина месечна заработувачка.

Средствата од казната на Суарез ќе бидат уплатени во хуманитарни цели во Фондацијата на семејствата на настраданите навивачи на Ливерпул на трагедијата во Шефилд 1989 година.

Оваа организација и покрај тоа што ја прифати донацијата, најостро го осуди чинот на Суарез.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска