(ВИДЕО) Шекеринска од Ресен: Владата инвестираше една милијарда евра во инфраструктура за потребите на граѓаните

Од:

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска денеска оствари увид во завршени градежни работи на територијата на Општина Ресен.

По завршувањето на посетата таа изјави дека кога се работи тимски и домаќински многу може да се промени во една општина како што е Ресен. Тимската работа на градоначалниците од регионот во соработка со централната власт е повеќе од видлива.

„По речиси седум декади Ресен има нов пазар. На овој начин сите кои работат во земјоделието и живеат од тоа на достоинствен начин и во здрава работна средина да ги продаваат своите продукти. Навистина ми е задоволство што Ресен го има еден од најмодерните објекти за пазар во целата држава. Ние како Влада решивме да промениме многу состојби во државата. Наместо да инвестираме во споменици ние инвестираме во животот на граѓаните, инвестиравме во патишта, улици, болници. Инвестиравме речиси една милијарда евра во животот на граѓаните. Затоа во Ресен и во целата Република можеше да се инвестира и во училишта и во болници и во градинки и во инфраструктура која им е најпотребна на граѓаните“, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски