Урнати дивоградбите на дел од охридските плажи кои ќе се уредуваат со речен песок

Од:

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе почнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од Горица 3 до Аквалина каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема.

Оваа седмица ќе се врши расчистување на теренот, подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. До сега се подигнати преку 1000 м3 градежен шут.

Во текот на наредните денови ќе се врши насипување и уредување на плажата со речен песок, што е дозволена согласно Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

„Упатуваме апел до сите сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата Свети Стефан до потегот на крајбрежјето кај Градиште, како и потегот на крајбрежјето во делот на населбата Канео и во делот на населбата Далјан, кои нелегално поставиле урбана опрема и платформи, а на кои им беше даден рок самите да ги отстранат нелегалните градби, оваа седмица да пристапат кон отстранување на истите.

Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното ќе продолжи по завршување на активностите на уредување, (во понеделник на 29.6.2020 година) и ќе трае се до конечно расчистување на крајбрежјето“, соопшти Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски