Милан ја спасува кариерата на „лошото момче“ Јовиќ

Од:

Милан ќе се обиде да ја спаси кариерата на Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач беше привлечен со големи очекувања од Реал Мадрид на почетокот на сезоната, но не успеа да ги оправда платените скоро 60 милиони евра за него.

Јовиќ не успеа да ја искористи својата шанса на „Бернабеу“, па може да си ја проба среќата на друго место. Така, Милан стигнува до младиот Србин. Според „Ел Мундо Депортиво“, „росонерите“ се подготвени да го позајмат Јовиќ за две сезони.

И самиот Јовиќ сака да се пресели во Милано и повторно да се соедини со Анте Ребиќ, со кого оформи силен напад во Ајнтрахт Франкфурт. В

о сезоната 2018-2019, Србинот постигна 27 гола за германскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Лука Јовиќ останува во Милано

Зенит му нуди на Лука Јовиќ огромно богатство

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ