Вкупниот износ на социјална помош во Франција во 2018 година достигна 742,1 милијарди евра

Од:

Вкупниот износ на надоместоците за социјална заштита (здравство, пензија, семејство, стан невработеност) во 2018 година се зголемиле за 1,9 отсто, достигнувајќи 742,1 милијарди евра, покажуваат конечните податоци објавени од Службата за статистика на министерството за социјални работи на Франција (Дреес), јави дописникот на МИА.

Оваа сума претставува 31,4 отсто од бруто домашниот производ на Франција (БДП), што е најголем процент меѓу државите на Европската унија, иако е помала во однос на 2017 година. Сепак, ако трошоците се поврзат со бројот на жителите и земајќи ги предвид разликите во куповната моќ, Франција е на шестата позиција, зад Германија, која е на третата позиција, прецизира „Дреес“.

Земено во целина, кога на трошоците за социјалните придобивки ќе им се додадат хонорарите за управување и финансиските трошоци, трошоците за социјална заштита во 2018 година достигнаа 790 милијарди евра. Истовремено, ресурсите се зголемија за 2,8 отсто (побрзо од трошоците) на 800 милијарди, што резултираше со позитивен биланс втора година по ред. Суфицитот достигна 9,8 милијарди евра, или 0,4 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата