А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Аврамопулос денеска во Бисел ќе се сретне со државниот секретар на САД

by А1он23/04/2013 - 08:29150
Share0

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска во Брисел ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери, на маргините на пролетниот самит на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јави дописникот на МИА од Атина, иако не е официјално потврдено, сосема извесно е дека двајцата шефови на дипломатии, меѓу другото, ќе разговараат и за прашањето за името, со оглед на тоа што на агендата е и ситуацијата во Југоисточна Европа.

Во меѓувреме, сите грчки медиуми ја пренесоа вчерашната реакција на Аврамопулос на пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија во која тој вели дека „во периодот опфатен со извештајот Македонија назадува и во земјата има демократски дефицит“.

Под наслови „Процесот на пристапување на Скопје кон ЕУ доведен во пашање“ и „Не треба да има отстапки од критериумите за Скопје“ медиумите во целост ја објавуваат изјавата на министерот за условот за добрососедски односи, дека „односите не само што не се подобрени, туку проблемите продолжуваат да постојат и се дополнително влошени“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Советот на министри на Европската унија вчера ја одложи за јуни одлуката за носење заклучок дали да се прифати препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто