Две натпреварувачки во реалното шоу „Германски топ модел“, што го води Хајди Клум, добија вошки. Едната од нив е Ана Марија, која имаше најголеми шанси за победа.
Продуцентката и водителка на шоуто Клум се обидува да сфати како двете натпреварувачки добиле вошки.
Ана Марија која се обидува да излезе на крај со досадните паразити пред „инцидентот“ важеше за фаворит.
– Не ми е јасно од каде вошки. За време на купувањето пробав само шешир, истакна 16-годишната Ана Марија.
Хајди сепак има поинаква теорија. Таа мисли дека вошките се „сувенир“ од Њујорк, каде девојките беа на модна недела.