Словенечката полиција објави дека минатиот месец регистрирала зголемување на бројот на мигранти кои се обиделе илегално да влезат во земјата.
Според податоците, во мај граничната полиција и армијата откриле 3.283 мигранти, што претставува зголемување во однос на претходниот месец.
Најголем дел од мигрантите се од Пакистан, Мароко и Авганистан, а 1.198 од нив изразиле намера да побараат меѓународна поддршка и азил. На почетокот на годината, односно во јануари, бројот на илегални поминување беше уште поголем, но со избувнувањето на пандемијата на коронавирусот и затворањето на границите значително се намали и притисокот на мигрантите.
Ставањето на вирусот под контрола и повторното отворање на границите, според полициските експерти, е причината за повторното зголемување на бројот на мигрантите.