Премиерката на Словенија, Аленка Братушек го поздрави предлог договорот помеѓу Белград и Приштина за нормализација на меѓусебните односи.
Љубљана ќе продолжи и понатаму да помага на државите во регионот за нивниот европски пат, порача Братушек.
Словенечката премиерка договорот го оцени како цврста желба и приврзаност на двете страни за компромисно барање на решение и свој напредок во рамките на европскиот интеграциски процес, соопшти нејзиниот кабинет.
Таа очекува двете страни двете страни да пристапат кон имплементација на договорот и дека напорите за конечна нормализација на односите ќе продолжи.
Елена Георгиевска