СЗО го истражува новото жариште на коронавирусот во Пекинг

Од:

Светската здравствена организација ги истражува потеклото и големината на новото жариште на Ковид-19 во Пекинг, изјави на денешната прес конференција генералниот секретар на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека повеќе од 100 случаи на коронавирус веќе се идентификувани во градот, иако во кинеската престолнина не биле регистрирани нови заразени лица 50 дена пред појавувањето на новото жариште.

Тедрос рече дека сите земји мора да бидат будни за да го препознаат можното повторување на инфекцијата

Претходно денеска, Пекинг постави во карантин и блокада 10 населби, откако здравствената служба на земјата соопшти дека се појавиле нови случаи на коронавирус во градот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски