Специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, напиша денес на својот профил на Твитер дека владите на Србија и на Косово се обврзале дека ќе ја запрат кампањата за повлекување на признавањето независност, односно за членство во меѓународни организации, заради состанок на претставници на двете страни во Вашингтон.
Средбата за дијалогот меѓу Србија и Косово ќе се одржи на 27 јуни во Белата куќа, соопшти Гренел преку Твитер.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави денес дека пред самитот во Белата куќа, тој ќе ја посети Москва на 23 јуни.
„Со сериозна и одговорна политика успеавме да го вратиме прашањето на Косово и Метохија на маса, и тоа со помош на големите сили,“ изјави Вучиќ.