Притвор за двајца црногорски свештеници што не ги почитувале здравствените мерки

Од:

Црногорското обвинителство нареди тридневен притвор за двајца  свештеници на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора затоа што на вечерните литии во Подгорица и во Даниловград имало повеќе од 200 граѓани, колку што е максималниот број на луѓе кои според важечките прописи смеат да се соберат на едно место.

Свештениците Мирчета Шљивичанин и Жељко Ќалиќ се товарат за кривично дело неисполнување здравствени регулативи за сузбивање на заразна болест.

„Притвор е наложен поради опасност дека можат да го повторат злосторството,“ изјави адвокатот Божо Милоњиќ.

Свештениците биле уапсени вчеравечер откако полицајци најпрво влегле во соборниот храм „Воскресение Христово“, но наишле на отпор од страна на верниците. Подоцна, додека свештениците биле сослушувани, неколку десетици граѓани протестирале пред Основниот суд во Подгорица.

Апсењето на свештеникот на СПЦ го коментираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој, како што пренесуваат црногорските медиуми, истакна  дека станува збор за важно прашање и „дека се надева дека ќе превладee разумот“.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала