Јавно ќе се објавуваат имињата на оние кои треба да се во самоизолација

Од:

Здравствените власти во соработка со правници ја разгледуваат можноста јавно да објавуваат списоци на лица кои треба да бидат во самоизолација. На ваков чекор се одлучиле оти голем бил бројот на лица кои одбивале да ги примат решенијата за самоизолација.

„ Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Има луѓе кои не ги примаат решенијата и од различни причини стојат зад тоа. Има луѓе кои даваат грешни адреси и телефони во анкетите во однос на контактите па инспекторите не можат да ги најдат овие лица што претставува серозен ризик. Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите, и тоа многу бргу ќе го расчистиме, е јавно да се објави список на лица кои треба да бидат во самоизолација според Законот за управна постапка. Навистина многу време се губи во нивно делење и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата кои не сакаат да излезат во пресрет и да се соработуваат со епидемиолозите и со Државниот санитарен инспекторат“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Начинот и местото каде што ќе се објавуваат имињата на лицата кои треба да бидат во самоизолација дополнително ќе се утврди. Министерот Филипче не ја исклучи можноста списоците да се објавуваат на веб страницата на Министерството за здравство и секое објавено решение ќе се смета дека е стапено на сила.

Минатата недела помош за подготовка и делење на решенијата за изолација и самоизолација побарале од Собранието. Во пресрет им излегла правната служба која од четвртокот подготвувала и делела решенија заедно со епидемиолозите и инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според податоците на Центарот за управување со кризи од почетокот на епидемијата издадени се вкупно 12.351 решение за самоизолација од кои 88 се издадени денес, а во моментов во самоизолација се 1704 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски