А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Се очекува ДИК да постапи согласно Уставот и да ги активира изборните дејствија

by А1он15/06/2020 - 15:52262
Share0

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, заедно со министерката за правда Рената Дескоска, министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар во Владата Драги Рашковски, денеска одржаа состанок со членовите на Државната изборна комисија.

Следете a1on на Instagram Instagram

На состанокот не присуствуваше претседателот на ДИК Оливер Деркоски, иако средбата е организирана врз основа на негово писмо во кое тој, во име на Комисијата побара состанок во Владата, и таа се одржа со останатите членови на ДИК предводени од потпретседателката Дитмире Шеху.

Потпретседателката на ДИК Шеху информираше дека денеска, согласно нејзините овластувања, заедно со мнозинството членови на ДИК, ќе иницира седница на која ќе се повика на заклучокот на Kомисијата од 22 март во кој се вели дека „сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик до 22 март 2020 година се сметаат за важечки и дека сите преостанати дејствија кои произлегуваат од Изборниот законик ќе бидат предвидени во ревидираниот роковник кој ДИК ќе го донесе веднаш по укинувањето на вонредната состојба и донесувањето на новата уредба на Владата за изборниот процес“.

На состанокот премиерот Спасовски истакна дека во очекување на состанокот на ДИК на која ќе се потврдат одредбите на заклучокот на комисијата од 22 март, Владата е веќе подготвена да ги исполни сите обврски во врска со организацијата и спроведувањето на изборите, вклучувајќи ги и препораките за безбедно спроведување на изборниот процес од здравствен аспект, врз основа на кои ДИК ќе подготви упатства.

Следете a1on на Youtube YouTube
dikvlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто