(ВИДЕО) Селмани: Законот не нуди слобода на медиумите

Од:

Нам ни треба слобода, а не закон за медиуми. Предлогот на владата за закон за медиуми премногу навлегува во уредување на односите во редакциите, наместо да решава проблеми овој закон создава нови. Со него нема ниту слобода на медиуми, ниту слобода на изразување. Некои од решенијата се сканадалозни и спротивни на препораките на Советот на Европа, како што е примерот со новата Агенција, која ќе функционира како ново министерство со огромна моќ.

Министерството за информатичко општество да престане да прави „фингерајки“ за некаков си дијалог кој во моментов се одвива и да претставува дека во тој дијалог учествува медиумската заедница. Наместо тоа да се посвети на сериозна дебата, зашто ниту тоа ниту ова решение ќе пројдат лесно.

Ова е сублимат од дебатата за потребата од закон за медиуми организирана од Центарот за развој на медиуми, а на која дебатираа ЗНМ, Самостојниот Синдикат на медиумски работници , Македонскиот институт за медиуми,и речиси целата медиумската заедница.

Декларираните цели затскриени зад европските директиви за аудиовизулени услуги треба коректно да се вградат, беше порачано на дебатата. Според Нсер Селмани, претседателот на ЗНМ, медиумска заедница најмногу реагира на предлогот за ново регулаторно тело, односно Агенцијата кај која загрижува целосната политичка зависност и доминација на власта. Јас сум за закон за измени и дополнување на закон за радиодифузија, рече тој.

-Барам решенија кои што ќе забранат лидер на политичка партија да има медиум, второ владата да утврди јасни критериуми како може да се рекламира во медиуми, да обезбеди одржливо финансирање МРТВ, да го ослободи од контрола Советот за радиодифузија, да изнајде механизам да ги ослободи новинарите од политичка и финасиска зависност. На ниедна од овие забелешки овој закон не одговара, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат