Манчини предвреме ја честита титулата на градскиот ривал

Од:

Тренерот на Манчестер Сити кој се уште е актуелен шампион на Англија, упати предвремена честитка до идниот првак, градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

– Ние сакавме да го освоиме првенството, но сега ни останува само да му честитаме на Јунајтед. Иако не се подобри од нас, заслужено ќе го освојат шампионскиот трофеј. Ние бевме поразени на многу натпревари на кои не заслуживме да загубиме, а причини за таквите исходи се многу. Јунајтед имаше серија на победи како резултат на поголемата мотивираност и желба за успех, изјави Манчини по поразот од Тотенхем (1:3).

За да стигне до јубилејниот 20.ти шампионски трофеј Манчестер Јунајтед ќе треба да ја совлада Астон Вила на вечерашната средба на „Олд Трафорд“ која се игра во рамките на 34.коло од Премиер лигата.

Евентуалното освојување на три бода од страна на домаќинот, ќе значат недостижна предност од плус 16 во однос на актуелниот шампион Сити кој до крајот треба да одигра уште пет натпревари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска