Актуелниот европски и македонски ракометен шампион Вардар денес на клупскиот Фејсбук профил објави дека Робин Кантегрел ќе ја засили голманската позиција.
„Црвено-црните“ и 25-годишниот Французин потпишаа договор за двегодишна соработка.
Кантегрел во Вардар доаѓа од Сесон Рен.