Охридскиот хотел „Ривиера“ оваа туристичка сезона ќе биде отворен за туристите и ќе работи со полна пареа. Откако претходните газди го изгубија хотелот, а поради хипотекарни побарувања Комерцијална банка го зеде под своја надлежност и истиот го стави на продажба за сума од 3,5 милиони евра, „Ривиера“ од вчера се реновира.
Според информации на А1он, „Ривиера“ бил земен на користење под кирија за периодот во наредните пет години од страна на фирмата која ги има и хотелот „Десарет“ во Пештани и Автокампот „Љубаништа“.
Од хотелот се вадеше старата и се носеше нова опрема која ќе биде неопходна за нормално функционирање на хотелот кој се наоѓа на атрактивна локација во центарот на Охрид, покрај самиот езерски кеј.
Од Комерцијална банка пред неколку месеци потврдија дека хотелот е на продажба. Хотелот изминатиов период целосно беше поради неговото некористење.
„Хотелот кој сега е сопственост на Комерцијална банка и истиот се објавува за продажба по цена од 211.882.501,00 денари (без вклучен ДДВ, данок на промет и други трошоци за продажба). Хотелот е стекнат во сопственост на Банката во постапка на реализација на хипотека заради наплата на побарувања на Банката“, изјавија од Дирекција за управување и информирање на Комерцијална банка АД Скопје.
Мики Трајковски