Новинарот на државната телевизија на Сомалија, Мохамед Ибрахим Рагех е убиен пред својата куќа во претстолнината Могадаш, што е четврто убиство на новинар во оваа држава годинава.
Здружението на новинари соопшти дека новинарот е убиен од непознати напаѓачи, додека се враќал од работа пред неговата куќа, пренесе „Ројтерс“.
Убиството се случи недела дена по нападите на екстремистичката група ал Шабаб, во Могадиш, кога загинаа најмалку 30 лица.
Западните и локални официјални лица стравуваат дека оваа група која пред две години беше протерана од претстолнината, настојува да се врати на својата позиција во Могадаш.
Елена Георгиевска