А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Курти најави дека Самоопределување ќе се прошири и во Македонија

by А1он12/06/2020 - 21:20493
Share0

Лидерот на движењето самоопределување (ВВ) и доскорешен премиер на Косово Албин Курти најави дека неговата партија наскоро ќе дејствува како политички субјект и во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Следете a1on на Instagram Instagram

На денешниот собир по повод 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од основањето на ВВ, Курти изјави дека „Самоопределување ги освои срцата“ на сите Албанци во сите албански средини во регионот.

– Ние го имаме нашиот центар во Албанија, а од денеска ја покренуваме иницијативата за основање на Движење самоопределување и во Северна Македонија, порача Курти на крајот од својот говор пред неколку илјади граѓани на собирот на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина.

Според доскорешниот косовски премиер, неговата партија „веќе е порасната и проширена на сите албански територии“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Самоопределување ќе има и во Албанија, во Северна Македонија, во дијаспората и насекаде. Во Косово набргу ќе има избори и ВВ ќе го добие мнозинството гласови, рече Курти, порачувајќи дека сета власт во Косово ќе ја има неговата партија.

Потпретседателот на партијата, досегашниот вицепремиер Хаки Абази, порача дека „Албанија и Косово наскоро ќе имаат причина заедно да слават“, откако ВВ ќе победи на наредните избори.

– Цела Албанија ги имаше очите вперени кон Косово оваа пролет. Албанија сфати дека ВВ ја изгуби власта, но само привремено. Албанија знае дека ВВ ги освои срцата на Албанците насекаде, во Албанија, Северна Македонија, Медвеѓе и во целата дијаспора, порача Абази.

Лидерот на ВВ Курти беше избран за премиер на Косово на 3 февруари годинава, откако неговата партија победи на изборите од 6 октомври, минатата година. На 25 март Собранието на Косово, на иницијатива на неговиот дотогашен коалиционен партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му изгласа недоверба, додека на 3 мај беше избрана новата влада, предводена од Авдулах Хоти од ЛДК. ВВ ѝ го оспорува легитмитетот на новата влада и бара нови парламентрни избори.

albin kurtikosovo

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он15/10/2026 - 17:5115/10/2026 - 17:54

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он08/10/2026 - 09:0008/10/2026 - 09:01

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Катерина Ѓуровски07/10/2026 - 08:07

(ВИДЕО) Тензично пред косовскиот парламент: демонстрантите фрлаат молотови коктели, полицијата одгвори со солзавец

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 21:06

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 19:02

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски23/09/2026 - 11:1423/09/2026 - 12:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео