Сокол Митровски пак на чело на Ѓорче Петров

Од:

Актуелниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, ќе ја води општината и во следните четири години.

Според официјалните резултати објавени на веб страницата на ДИК, по прегласувањето во едното избирачко место во вториот изборен круг, Сокол Митровски изборите ги заврши со предност од нешто помалку од 1.200 гласа пред противкандидатот Александар Наумовски од СДСМ, кој пред неколку дена се откажа од изборната трка, обвинувајќи за манипулации и најавувајќи пријави против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според целосно обработените резултати, Митровски освоил 11.893, а Наумовски 10697 гласови.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука