ВМРО-ДПМНЕ со честитики за победата на Жерновски во Центар

Од:

Би сакал да ја честитам и победата на кандидатите на СДСМ и ДПА во општините Центар и Струга. На сите нив им посакуваме плодна работа во која основна грижа ќе им биде интересот и потребите на граѓаните на општините каде тие станаа градоначалници, рече Илији Димовски.

Со победата во овие две општини, би сакале да сумираме дека конечниот број на општини во кои победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За Подобра Македонија” е точно 58, наспроти само 4 колку што освои СДСМ. Ова е историска победа за ВМРО-ДПМНЕ.

Благодариме на сите граѓани кои не подржаа. Благодариме и на сите граѓани и институции кои учествуваа во овие демократски избори. Македонија покажа дека е држава со целосен демократски капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ победи во 58 општини, наспроти 4 на СДСМ. Ваква убедлива победа на една политичка партија во последните 23 години никогаш не се случила. Ние сме благодарни на граѓаните, но повторуваме дека знаеме што значи оваа победа, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ