Трамп ќе ја прифати републиканската номинацијата во Џексонвил на Флорида

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп ова лето ќе ја прифати претседателската номинација на Републиканците во Џексонвил, на Флорида.

Претседателот на Републиканскиот национален комитет, Рона Мекданиел изјави дека официјалниот дел од партиската конвенција ќе продолжи да се одржува во Шарлот, Северна Каролина, но дека прославата за номинација на Трамп ќе биде преместена во Џексонвил.

Зад таа очекувана објава е спор меѓу Трамп, неговата Републиканска партија и демократскиот гувернер на Северна Каролина Рој Купер, кој одби да ги смени протоколите за јавно здравје за да му угоди на Трамп во држава во која бројот на заболени од Ковид-19 продолжува да расте.

Наместо тоа во Шарлот, Трамп ќе одржи говор откако ќе ја прифати номинацијата на 27 август во арената со 15.000 места во Флорида, која неодамна се согласи да биде домаќин на него и чиј гувернер е Рон Де Сантис, неговиот главен сојузник.

Демократите треба да ја одржат својата конвенција во Милвоки, Висконсин во август, но се уште не ги разработиче безбедносните мерки во врска со претстојниот настан.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ