ВИДЕО: Силното невреме во Скопје ги поплави улиците и го отежна сообраќајот

Од:

Пороен дожд ги затекна скопјани попладневно, додека се враќаа од работа. Интензивниот получасовен пороен дожд поплави голем дел од улиците и речиси го закочи сообраќајот во повеќе делови од Скопје.

Граѓаните, затекнати од дождот, бараа каде да се засолнат, а најлошо поминаа оние кои во моментот на поројниот дожд возеа велосипеди. Спроти Архитектонскиот факултет, на улицата Партизански одреди, од невремето беше откорната огромна гранка од дрво, а од ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш дојдоа на лице место за да ја отстранат од улицата.

Невремето траеше околу половина час, а во делови на Скопје беше забележана и краткотрајна
појава на ситен град.

Поројниот дожд кој паѓаше во градот и околината на Скопје поплави неколку улици во градот, меѓу кои улицата Владимир Полежановски, Рајко Жинзифов,  Петар Попарсов, бул. Партизански одреди и други.

Подоцна облаците се придвижија кон Кумановско, а невреме имаше и во подрачјето на Велес, како и во Кавадарци, информираат од УХМР, од каде додаваат дека во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира, а облачноста ќе се намали.

За утре се прогнозира сончево време, со мала до умерена облачност, а попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

„Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. За време на викендот ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд“, велат од УХМР.

На почетокот на наредната недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Паднати дрвја, искршени гранки и поплавени дел од улиците во Аеродром

ВИДЕО: По невремето во Тетово поплавени куќи и свлечиште на автопатот, хаос и во Скопје

Предраг Петровиќ

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он