(ФОТО) Невреме во Скопје – летнати покриви, откорнати дрвја, оштетени автомобили

Од:

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево го зафати Скопје, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Невремето, како што посочуваат од УХМР, се движи од северозапад кон југоисток.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека поради силното невреме Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.

Тој во Фејсбук објава нагласи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

Додаде дека екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Невреме со силен ветер попладнево го зафати Скопје и предизвика проблеми низ градот

А1он

Паднати дрвја, искршени гранки и поплавени дел од улиците во Аеродром

ВИДЕО: По невремето во Тетово поплавени куќи и свлечиште на автопатот, хаос и во Скопје

Предраг Петровиќ

Невремето во Скопје откорна и лајсна од покрив, што претставува опасност за минувачи

Поплавени подруми, улици и подвозници, паднати дрвја и скршени бандери по невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Во невремето во Скопје дрво падна врз автомобил во движење

Предраг Петровиќ