(ФОТО) Невреме со силен ветер попладнево го зафати Скопје и предизвика проблеми низ градот

Од:

На социјалните мрежи граѓаните пријавуваат паднати дрвја и канделабри, откачени кабли, блокирани сообраќајници и оштетени возила од паднати лимени кровови.

Информациите се дека пред трговскиот центар „Капитол“ дрво паднало на булеварот, а паднати дрвја има на повеќе места на улиците „Теодосиј Гологанов“ и „Илинденска“.

На улицата „Рузвелтова“, на потегот од студентскиот дом кон „Теодосиј Гологанов“, дрво паднало преку двете сообраќајни ленти. Паднато дрво има на и на улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец.

Дел од улицата „Ленинова“ е блокиран поради паднато дрво пред Министерството за земјоделство.

Паднати дрвја се пријавуваат и на автопатот кај бензинската станица „Макпетрол“ во близина на Белви, како и на раскрсницата меѓу улиците „Коста Новаковиќ“ и „Владимир Комаров“ во Аеродром.

Засега нема официјални информации за повредени лица.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Невреме во Скопје – летнати покриви, откорнати дрвја, оштетени автомобили

А1он

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Паднати дрвја, искршени гранки и поплавени дел од улиците во Аеродром

ВИДЕО: По невремето во Тетово поплавени куќи и свлечиште на автопатот, хаос и во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Силно невреме во Велес, ветерот корнеше дрвја, сообраќајот во прекин

A1on