Екипата на Хоризонт Турново се најде сама на врвот на табелата во македонскиот фудбалски шампионот по одигрувањето на петте попладневни натпревари.
Хоризонт победи во Кратово и го искористи нерешениот резултат на Металург со Тетекс.
Резултати на денешните натпревари од 26.коло во Првата македонска фудбалска лига: Дрита – Вардар 1:3, Силекс – Хоризонт Турново 1:2, Пелистер – Брегалница 0:0, Шкендија – Работнички 1:0 и Тетекс – Металург 1:1.
Табела: Хоризонт Турново 50 бодови, Вардар 49, Металург 48, Шкендија 39, Ренова 38, Напредок 37, Работнички 37, Брегалница 31, Пелистер 30, Дрита 27, Тетекс 21 и Силекс 19.