Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрлаат на дивите депонии, Шилегов не презема ништо

Од:

„Секој ден тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, а Шилегов не презема ништо. Скопје е најзагадениот главен град во Европа. Со пасивноста на Шилегов и непреземањето на конкретни активности се ризикува еколошка бомба во Скопје, во ситуација кога главниот град е веќе најпогоден од корона заразата“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Во дел од депониите, како што е Вардариште не само што е нем посматрач, туку градот Скопје е и активен учесник во создавањето на депонијата. Фотографиите кои ги објавуваме се фрапантни и вчудоневидувачки, говорат за негрижата на градот Скопје, комуналните инспектори и пасивноста на Министерството за животна средина и просторно планирање“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Градот Скопје мора да се откаже од дивата претоварна станица Вардариште и да санкционира диви депонии на само неколку километри од центарот на градот. Тажната слика за Скопје се дивите депонии Вардариште, Визбегово во близина на Шуто Оризари и Ново Село во Ѓорче Петров. Шилегов го ризикува здравјето на скопјани со својот пасивен однос кон овие депонии кои неретко се запалени, испуштаат токсични материи и се еколошка бомба во градот. Шилегов треба да го батали политиканството и навредите и нека се фати за работа“, соопштува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син