Во Струга навреме отворени избирачките места

Од:

Во Општина Струга денеска се повторува изборниот процес во девет избирачки места каде што Управниот суд на Република Македонија и Државната изборна комисија на вториот круг од локалните избори што се одржа на 7 април констатираа неправилности.

Во оваа општина денеска се прегласува во избирачкoто места 1852 сместено во управната зграда на ХЕЦ Глобочица, во 1857 во Општата болница, во избирачкото место 1860 лоцирано во градата на Општина Струга, во гласачките места 1877 во Радолишта, како и во 1883 и 1884 во селото Октиси.
Изборниот процес се повторува во едно избирачко место во селото Боровец и во две места во Подгорци.

– Сите избирачки места на кои се прегласува се навреме отворени, точно во 7 часот и засега гласањето се одвива без проблеми, вели претседателот на Општинската изборна комисија во Струга Џенгис Хани.

Во овие избирачки места има 7.885 граѓани со право на глас кои ќе избираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он