Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска во 15 часот се исполни предвидената квота за субвенции за набавка на велосипед, па вакви барања од граѓаните повеќе нема да се примаат. До денеска до 15 часот, до Град Скопје се поднесени 2.830 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед.
„Претходно, во текот на работниот ден, се пополни предвидената квота и за електрични тротинети, со вкупно поднесени 214 барања за субвенции за купен тротинет.
На јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Целта на двата јавни повици е да се поттикнат граѓаните што помасовно да користат велосипед или електричен тротинет и да придонесат за одржлива урбана мобилност во градот“, пишува во соопштението од Град Скопје.
Со почит,
Град Скопје