Талибанците најавија дека подготвуваат план за преговори со политичкото раководство во Кабул.
Неименувани талибански претставници изјавија дека лидерот Хибатула Ахунџада е подготвен бунтовничките групи да учествуваат во разговорите со Кабул.
Датумот на преговорите се уште не е одреден, а американскиот мировен претставник во моментот остварува средби со воените и политичките лидери во обид да се унапреди потпишаниот договор помеѓу САД и талибанците.
Договорот помеѓу САД и талибанците, што беше потпишан на 29 февруари годинава, претставува можност за воспоставување на мир во Авганистан и повлекување на американските и НАТО силите од земјата речиси по две децении.