Во фудбалското првенство на Англија денеска беа одиграни седум натпревари од кои само на еден немаше голови.
Мрежите мируваа на натпреварот меѓу Свонси и Саутемптон, а без победник заврши и натпреварот Вест Бромвич Албион – Њукасл.
Победи пред својата публика остварија, Вест Хем, Сандерленд и Норвич, додека Арсенал и Стоук се радуваа на гостински терен.
Постигнати резултати: Фулам – Арсенал 0:1, Норвич Сити – Рединг 2:1, Квинс Парк Ренџерс – Стоук 0:2, Сандерленд – Евертон 1:0, Свонси – Саутемптон 0:0, Вест Бромвич Албион – Њукасл 1:1 и Вест Хем Јунајтед – Виган 2:0.
Дерби дуелите од оваа рунда закажани се за утре во Лондон и Ливерпул. Во Лондон, тимот на Тотенхем го пречекува шампионот Манчестер Сити, а на „Енфилд“ во Ливерпул истоимената домашна екипа ќе биде домаќин на Челзи.
Последната средба од овој круг ќе се одржи в понеделник, а во неа се среќаваат Манчестер Јунајтед и Астон Вила.
Табела: Манчестер Јунајтед 81 бодови, Манчестер Сити 68, Арсенал 63, Челзи 61, Тотенхем 58, Евертон 56, Ливерпул 50,.