ВМРО-ДПМНЕ смета дека земјата е убедливо најлош пример во борбата со епидемијата во Европа, а дека вчерашните бројки на новозаразени се само уште еден доказ за неспособноста на оваа Влада.
„Заев и Филипче преку малтретирање на граѓаните сакаат да излажат дека се посветени и дека преземаат мерки за сузбивање на коронавирусот. За нив е ризично доколку луѓе рекреираат во Скопје или одат до маркет согласно
протоколите, но нема проблем ако истите го напуштат градот. Бројките на заболени и починати ја разоткриваат нивната неспособност“, велат од партијата.
„Во време кога во регионот коронавирусот стивнува, во Македонија вирусот зема замав со 180 нови случаи вчера, само заради некадарноста на власта. Вкупно 1,009 активни случаи и 149 починати, говорат за една неспособна Влада која единствено се грижи за свои интереси. Доказ на непромисленоста на оваа влада е вчерашната прес конференција на
Славјанка Петроска која го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на
населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон“, додаваат од партијата.