Приведен сопственик на портал од Охрид за омаловажување на полицајци, кој потоа ги пријавил дека го повредиле

Од:

Вчера попладнето полицијата го привела сопственикикот на порталот „Охрид скај“, Сашо Денесовски и го сомничи дека неовластено снимал и омаловажувал полицајци кои извршувале работни задачи на влезот од Охрид, за подоцна, тој да пријави дека полицаецот кој го приведувал му нанел тешки повреди.

„Во СВР Охрид приведен е С.Д.(53) од Охрид, поради постоење сомнение за неовластено снимање и омаловажување на полициски службеници кои преземале службени дејствија во близина на охридското село Подмолје. Истиот ден околу 19.00 часот во полициската станица Охрид, С.Д. пријавил дека при приведувањето, полицискиот службеник му нанел тешки телесни повреди на десната рака, констатирани во Општата болница во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Сопственикот на порталот „Охрид скај“, Сашо Денесовски ја побива верзијата на полицијата. Според него, нанесени му биле тешки телесни повреди, откако, бил удрен од полициски службеник со метална палка, но, тврди и дека искршен му бил телефонот.

Инаку, во декември минатата година, вработени во Општина Охрид поднесоа пријава против сопственикот на порталот „Охрид скај“, Сашо Денесоски, поради, како што навеле, закани, навреди и присилба што ги извршил кон нив. Денесоски, пак, тврдеше дека пријавата е конструкција од командир и началник во охридската полиција.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он