Петровска: Нема казни за лицата кои полицискиот час ги затече на автопат, писмено се предупредени

Од:

Не се казнети лицата кои вчера патуваа и по почетокот на полицискиот час. Дополнителната заменик- министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, денес извести дека полицијата имала разбирање за патниците.

„Полицијата го следеше метежот на улиците и автопатот и имавме разбирање за граѓаните кои беа затечени во моментот кога почна полицискиот час. Полицијата укажуваше побрзо да се упатат до крајните дестинации на кои се тргнати, односно да го почитуваат полицискиот час. Во некој период од половина час, кога беа затечени, не беа изречени мерки, само беа писмено предупредени“, извести Петровска.

„Имавме разбирање за граѓаните кои беа затечени во моментот кога почна полицискиот час“, вели заменик – министерката Петровска

Бегајќи од карантинот во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, полицискиот час многумина ги фати на автопат или на патарини. Долги колони возила беа регистрирани на влезот во Охрид и по почетокот на полицискиот час.

Од синоќа во 21 часот целосна забрана на движење имаат Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино, Јегуновце. Забранат истекува во 5 часот во понеделник.

Во сите останати градови денес, утре и во недела полицискиот час ќе трае од 16 часот до 05 часот наутро.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он