Со натпреварот Ренова – Напредок кој ќе се игра попладнево во Тетово (почеток 16 часот) ќе започне 26.коло од Првата македонска фудбалска лига.
Останатите средби на програмата се утре, исто така од 16 часот, а двојките се: Дрита – Вардар, Силекс – Хоризонт Турново, Пелистер – Брегалница, Шкендија – Работнички и Тетекс – Металург.
Табела: Хоризонт Турново 47 бодови, Металург 47, Вардар 46, Напредок 37, Работнички 37, Шкендија 36, Ренова 35, Брегалница 30, Пелистер 29, Дрита 27, Тетекс 20 и Силекс 19.