Белата куќа ја повика Кина да ги почитува човековите права

Од:

Белата куќа го повика Пекинг да ги почитува човековите права, да ги исполни своите обврски кон Хонг Конг и да стави крај на прогонот на етничките и верски малцинства, во изјавата што ја лиферува по повод 31-годишнината од крвавото задушување на продемократскиот бунт на плоштадот Тијананмен.

„Кинеската комунистичка партија уби невооружени кинески цивили, што е трагедија што нема да се заборави“, соопшти Белата куќа.

Белата куќа, понатаму, ја повика кинеската Влада да ги исполни своите обврски од Универзалната декларација за човекови права и Кинеско-британската декларација со која се уредува статусот на Хонг Конг, и „да ги почитува правата и слободите загарантирани за сите кинески граѓани според кинескиот Устав и да престане со систематскиот прогон кон милиони етнички групи и религиозни малцинства “.

Годишнината на задушувањето на продемократските протести од 1989 година се совпаднаа со протестите против расизмот и полициската бруталност што избувнаа низ САД. Тие беа поттикнати од насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен во Минеаполис од бел полицаец за време на неговото апсење, иако уапсениот не даваше отпор.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека на масовните протести ќе одговори со војската, велејќи дека може да испрати трупи во оние држави кои не успеале да ги контролираат повремените насилни протести.

„Американскиот народ стои заедно со сите кинески граѓани во остварувањето на основните права, вклучително и правото на одговорно и претставничко управување и слобода на говор, собрание и религија“, соопшти Белата куќа.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ