Заев: Како што никој не веруваше во приказната за „отсјајот во теретаната“, така никој не верува дека Мицкоски не бил информиран доволно за новите протоколи

Од:

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки! Само ако сите ги почитуваме мерките и забраните, ќе можеме да се заштитиме од пандемијата.

Ако ние политичарите не се придржуваме на одлуките и забраните, ако ние даваме погрешен и срамен пример пред граѓаните, тогаш не треба ни да се занимаваме со политика.

Не му е првпат на лидерот на опозицијата да покажува, ем со зборови, ем на дело, незрело и неодговорно однесување во врска со пандемијата.

Не му е првпат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да не ги почитува мерките и дрско да лаже и да ја манипулира јавноста во врска со тоа. Но, неговите лаги се плитки, на неговите лаги им се куси нозете.

Како што никој не веруваше во приказната за мали деца за „отсјајот во теретаната“, така сега никој не верува во приказната дека лидерот на опозицијата не бил информиран доволно за новите протоколи. Па, како е можно да не бил информиран, кога министерот за внатрешни работи постојано кажува дека редовно го информира својот шеф за сите одлуки и мерки на Владата? Како е можно Мицкоски да не знаел дека неговата „средба со познаници во една скопска кафеана“ е арогантно кршење на правилата за заштита на здравјето?

Граѓаните со право го осудуваат незрелото, лицемерно, непринципиелно и неодговорно однесување на политичарите како Мицкоски. Граѓаните знаат дека неговото извинување е лажно. За неговото грубо кршење на здравствените мерки тој ја обвинува власта, небаре власта го однесе во кафеана во време на забрана. Наместо искрено да се извини и да ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките што тој ги прекрши, се одлучил власта да му биде виновна.

За политичари кои дрско, арогантно и безобразно кршат здравствени протоколи не треба да има место во политиката. Политичари кои дење лицемерно глумат дека се загрижени за здравјето на граѓаните, а навечер ги кршат здравствените мерки, привилегирани политичари кои мислат дека вежбалниците и кафеаните треба да бидат отворени само за нив, ќе добијат силно НЕ од граѓаните, напиша лидерот на СДСМ на Фејсбук по синоќешните случувања во Дебар Маало каде во една кафеана внатре беше затекнат од инспекцијата Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

А1он

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

А1он

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски